По веста дека се бори со деменција: Поранешните сопружници, Деми Мур и Брус Вилис заеднички го прославија неговиот 67-ми роденден

Добивај вести на Viber

Деми Мур и Брус Вилис - вистински пример како поранешните сопружници одбележуваат важни датуми во семејството. Поранешниот актерски пар децении по разводот остана во хармонична и здрава врска.

Деми Мур сподели фотографија на Инстаграм како дел од прославата на роденденот на нејзиниот поранешен сопруг, познатиот Брус Вилис. Во саботата, на 19 март, актерот го прослави својот 67 роденден. На фотографијата Мур широко се насмевнува додека држи голем послужавник со печурки, а покрај неа застанал познатиот актер неподготвен за сликање. Описот гласи: „Среќен роденден, Брус! Bлагодариме на нашето мешано семејство“. 


Неговата сегашна сопруга Ема Хеминг Вилис се придружи на виртуелните честитки оставајќи две срца во коментарите на оваа објава.

43-годишната манекенка и сопруга на брус, Ема сподели трогателна објава на Инстаграм за роденденот на нејзиниот сопруг, споделувајќи видео со семејни фотографии направени од 2009 година, од кога се во брак.


Ема и Брус направија 13 години во брак.

Во коментарите на објавата, обожавателите на Деми Мур ја пофалија поранешната двојка за нивното трајно блиско пријателство по разводот во 2000 година, по 12 години брак. Обожавателите пишуваа коментари за поддршка и имаа само пофални зборови за нивниот однос со семејството, но и за односот што го имаат еден со друг.

„Вие двајцата го правите толку добро тоа што го правите. Толку кул семејство сте и се чини дека постои таков фантастичен баланс. Браво за двајцата!“


Деми Мур претходно изјави дека во периодот на карантин на некој начин била благодарна што целото семејство е заедно и што работите барем малку се смириле. За нејзините ќерки, кои ги доби во бракот со Брус Вилис, исто така значеше овој период на зближување со многу помладите сестри, кој актерот го доби во вториот брак.


Актерот се бори со деменција

Мур и Вилис постојано ги демонстрираа своите пријателски односи низ годините. Поддршката од семејството сега му е особено важна бидејќи, како што наведуваат многу извори, актерот се бори со деменција.

Режисерот Мет Ескандари, кој работеше со актерот на снимањето на филмови како „План за спас“ и „Преживеј до зората“, ја откри неговата состојба.

„Точно е. Режирав четири филма со него, па знам од прва рака. Тажно е да се види легенда како Брус како се распаѓа пред твоите очи. Видов како е да се работи со него во последните неколку години “, напиша режисерот во коментар. На Фејсбук, под видеото со гласини за болеста на Вилис.

извор:ona.telegraf.rs
фото:instagram