Здравје // Рецепти
Брз и лесен рецепт: Едноставен колач со сушено овошје
Вкусно уживање за целото семејство. Колач кој воодушеви многумина со својот лесен начин на подготовка, но пред сè со фактот дека е здрав и многу вкусен.
Состојки:
300-400 гр мешано сушено овошје и јаткасти плодови (на пр. суво грозје, суви сливи, брусница, смокви и ореви, бадеми)
2 јајца
6 лажици кафеав шеќер
6 лажици брашно
половина лажица прашок за пециво
Подготовка:
Сувите сливи исечкајте ги на ситни парчиња и измешајте ги заедно со оревите и секое друго суво овошје по избор.
Јајцата се матат и се додава сувото овошје. Додадете шеќер, брашно и прашок за пециво. Сè добро измешајте.
Намачкајте го плехот со путер и истурете ја смесата во него. Колачот се пече 45 минути во загреана рерна на 180 степени.
*пр објава