Брза, лесна, воздушна како облак - Павлова торта: Рецепт број еден за летните денови
Брза, лесна, воздушна како облак, Павловата торта за првпат е направена за руската балерина Ана Павлова по која го носи и името. Тортата е направена додека таа била на турнеја во Австралија и Нов Зеланд и поради тоа и до денес има конфликт за тоа од кого е рецептот.
Потребни состојки:
● 3 белки
● 150 гр. шеќер
● 2 кафени лажички пченкарно брашно
● 1 кафена лажичка бел вински оцет
● ½ лажичка екстракт од ванила
● 200 мл. слатка павлака
● 300 гр. свежи јагоди
Подготовка на тесто:
Од белките се право тесто - најпрво се матат белките со малку сол, се додава постепено шеќерот и лимоновиот сок, кога белките се стегнати се додава и нишестето, а од тестото се формира дното од тортата така што краиштата да се повисоки од срединиот дел. Целувчесето тесто се печи на 120 степени, околу 90 минути.
Подготовка на фил:
Слатката павлака се мати, се додава ванилата и откако основата е изладена целосно се додава филот, а најгоре се става овошјето.
Прекрасно слатко тесто и кадифениот фил со многу јагоди се дефинитивно број 1 избор за летните денови. Наздравје!