Брзи лепчиња со само четири состојки

Добивај вести на Viber

Aко сѐ уште не сте сте се одлучиле со што ќе ги израдувате вашите најблиски на денешната трпеза, еве еден брз рецепт за домашни лепчиња со само четири состојки, како прилог за неделниот ручек или вечера. Лесен е многу и вкусен. 

Потребно ви е:

  • 600 гр брашно
  • 4,5 дл топла вода
  • лажичка сув квасец
  • сол по вкус

Подготовка:

Од наведените состојки замесете меко тесто и оставете го да отстои околу половина час. Премесете го во малку брашно, сечете на еднакви парчиња од кои се формираат големи кугли.

Куглите валкајте ги во помали кругови како за пита. Повторно ставете да отстои околу половина часа и со помош на нож направете мрежичка. Загрејте ја рерната и тепсијата за печење. На неа постепено ставајте ги лепчињата, онолку колку можат да се соберат. 

Лепчињата се подготвени за јадење по половина час печење.