Букет на неделата: Љубовен танц кој го следи ритамот на раскошното изобилие

Овој пат Ви претставуваме една речиси совршено-елегантна кобинација.
Волшебен букет од жолти и бели ружи. 

Ако знаете дека жолтата боја е нејзината омилена боја, тогаш не двоумете се имајте храброст и подарете силно-жолт букет. 

Со оваа боја, особено во кобинација со белата испраќате истовремено и љубовна и раскошна порака. Некогашната заблуда дека жолтата ружа е симбол на љубомора е веќе минато. 

Жолтата ружа симболизира богатство, раскош и изобилие. Оваа исклучително доминантна и енергична боја, носи со себе радост, веселост и добро расположение. Направете несекојдневен потег и покажете ретка уникатност. Во овој букет нема ништо розово, црвено, лилаково. 

Играта на овие две бои е како љубовен танц. Белата ружа е во ритамот на чистата, невина и искрена љубов, наспроти жолтата која пак го следи ритамот на раскошното изобилие. И едното и другото ќе создадат момент, кој таа ќе го памети. 

Дојдете во Цветна галерија Сончевина или нарачајте онлајн, на нашата фб страница.