Бургунди тонови за тренди зимски изглед: Неколку начини како да ја комбинирате оваа боја

Добивај вести на Viber

Бургунди е боја како црвено вино и една од најпопуларните бои во изминатите неколку сезони...

Топлата боја на виното отсекогаш била меѓу омилените бои кога станува збор за создавање зимски аутфит. Иако уживаме во убавината на пастелните тонови, нема подобар зимски стајлинг од оној направен од топли зимски бои.


Денеска ви претставуваме неколку елегантни зимски комбинации, кои ќе ве инспирираат, ќе ви ја разбудат креативноста и ќе ви помогнат да креирате модерни комбинации кои ја карактеризираат оваа прекрасна боја.


Оваа нијанса изгледа добро со речиси секоја боја, што значи дека можете лесно да ги усогласите облеката или додатоците во боја на вино со остатокот од вашата облека. Можете да изберете бордо комбинација од глава до пети, или да ја комбинирате со кралско сина, камил, морнарска, крем...


Бојата на виното изгледа одлично во комбинација со тексас или кожа. Можете да изберете џемпер во боја на вино и кожни шорцеви или здолниште.


Фустан во богата винска боја изработен од трикотажа е исто така одличен избор за зимската сезона. Со капут или кардиган во неутрална боја, ова е одлична комбинација за работа, но и за лежерни прошетки низ градот.


Бордо боја, исто така, многу добро оди со облека со принт. Можете да изберете кариран аутфит или леопард принт кој изгледа неодоливо во комбинација со бојата на виното. Панталоните од бургунд кожа, на пример, изгледаат одлично со блуза со пруги.


Не заборавајте за модните додатоци. Секоја зимска облека ќе изгледа уште подобро ако ја зачините со капа, чанта, ракавици или чизми во боја на вино.


Проверете ги нашите предлози.







Фото: Пинтерес

Извор: www.zenskimagazin.rs