Цако, забавен водител на манифестацијата „Вози право- вози здраво“: Преку 6.000 среќни луѓе на велосипеди низ Скопје
Александар Матовски, познат како Цако, беше водителско засилување на манифестацијата „Вози пораво- вози здраво“, која по шести пат се одржа вчера во Скопје.
Шарматниот Цако беше на сцената во Градскиот парк заедно со Цеце Тодосовска и Марко Марк од „Телма“, и заедно ги забавуваа многубројните велосипедисти дојдени на овој убав настан.
Цеце на настанот беше дојдена со своето синче, Бодан.
- Роден сум 1991-ва година со Даунов сидром. Но ова не ми пречи да го живеам животот како што знам. Јас би сакал да учестувам во спотови на нашите пејачи како танчар. И да напишам по некоја песна за нив. Секако дека ќе си ја продолжам и мојата емисија, изјави Цако во претходно интервју за Женски магазин.
А, по пауза од две години, Скопје повторно беше масовно на велоспипед. Ревијалната трка тргна од Порта Македонија, и се возеше до парк. Желни за забавен градски настан, скопјани се пријавија во голем број за трката, возеа преку 6.000 луѓе.
Меѓу нив, и мали деца со своите велосипеди, тротинети, цели семејства, друштва, мајки со бебиња во количка, едноставно среќни и задоволни луѓе кои уживаа во возењето низ скопските улици кои беа затворени за сообраќај на автомобили. За промена, убаво беше да се видат улици полни со луѓе кои спортуваат, а не нервозни возачи на автомобили.
Во Градскиот парк, се додели 41 награда, меѓу нив и една парична, а посетителите уживаа во добрата забава и се освежуваа со сладолед и со студени пијалоци.
(М.Џ.)
Фото: В. Тануровски
ГАЛЕРИЈА: