Цеца, Ана Бекута, Кеба: Аплицирале за „минималец од државата“

Неколку музички ѕвезди од соседна Србија кои имаат регистрирана компанија се пријавиле за субвенции за минималец од државата, кој изнесува 250 евра месечно, или 90 илјади динари за три месеци!

На почетокот на пандемијата на коронавирус, Власта во Србија одлучи да плати на сите мали и средни компании по 250 евра, поточно 30 000 динари (за месеците април, мај и јуни) за полесно да ја издржат финансиската криза предизвикана од вонредните мерки.

Бројни пејачи ја искористија досега оваа привилегија, поточно оние кои имаат регистрирано компании во нивно име. На списокот на познати личности се вклучени многу ѕвезди.
И најголемата музичка sвезда во Србија и на Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ, преку нејзината компанија „Цеца мјузик“, која се води на нејзината сестра Лидија Ококоjиќ, побарала од државата да и помогне во исплатата на минималната плата за пет вработени. 150 илјади динари месечно, т.е 450 илјади динари за целиот период, дознава Курир.

На 16 април, Неда Украден отворила посебна сметка во банка, преку која Министерството за финансии три пати и платило по 30.000 динари. Пејачката ја отвори компанијата „Неда браво“ во 2014 година, преку која работи и плаќа даноци.

Исто како Неда, постапиле и Драган Којиќ Кеба, Николија Јовановиќ, Реља Поповиќ, како и Ана Бекута, која со години е сопственик на компанијата „Бројаница“.

Многу пејачи и музичари кои прават кариера преку „Гранд“, исто така, би можеле да добијат минимална плата за претходните три месеци. Компанијата „Гранд“ беше меѓу првите кои аплицираа за помош.

Интересно е што истото го сторил и Саша Поповиќ, преку неговата компанија „Агенција Поповиќ Забава и Консалтинг“, чиј единствен вработен е тој.

Лепа Брена добила 630 илјади затоа што има седум вработени во нејзината продавница за хамбургери „Биг Рори“, вклучувајќи ја и самата сопственичка.

Пари од државата земале и Владо Георгиев и неговата компанија „ВГ арт студио“, која има четворица работници, па затоа за три месеци добиле 360 илјади динари.


Извор: glossy.rs

На подароците им нема крај: Цеца повторно подготви нешто уникатно за Жељко