На подароците им нема крај: Цеца повторно подготви нешто уникатно за Жељко

Фолк sвездата Цеца, несомнено ужива во новата улога на баба, па овој пат Светлана Цеца Ражнатовиќ подготви специјален подарок за нејзиниот внук Жељко.

Имено, Цеца реши да купи радосница за нејзиниот внук, книга во која се внесуваат сите важни настани и податоци поврзани со првите години од животот на едно дете.

Радосницата што пејачката ја избра за малиот Жељко има сина обвивка, но е и со изгравирано име на малиот.

Многумина веќе коментираат дека нема сомнеж дека и овој подарок особено ги воодушевил синот на Цеца, Вељко и снаата Богдана, родителите на малиот Жељко.