Цеца и Анастасија Ражантовиќ со прв заеднички концерт во Македонија: Ќе пристигнат и членови од нивното најблиско семејство
Музичкиот спектакл во нашата земја за 2022 година дефинитивно е на
почетокот од месецот јуни, односно 11-ти (сабота) и тоа во источниот дел од
Македонија, поточно градот Пробиштип.
Голем и неколкучасовен музички хепенинг со балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината наследничка, младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ. Ова е нивни прв заеднички концерт сега и кој знае кога пак...
Концертот ќе се одржи во „AQUA PARK“ во Пробиштип, а гости освен од нашата земја, се очекуваат и од соседните земји како Бугарија и Србија.
Дека станува збор за голем музички спектакл говори и тоа што Цеца и Анастасија во Пробиштип доаѓаат со цела „армија“ од професионалци кои се ќе потрудат да звучат и изгледаат светски.
Исто така пиар-службата на двете музички ѕвезди веќе најавиле дека во Македонија со Цеца и Анастасија ќе пристигнат и членови од нивното најблиско семејство, односно Вељко Ражнатовиќ со неговата сопруга и уште неколкумина други...
Организаторот на овој музички концерт, „Aqua Park Probistip“ велат дека полека веќе започнуваат подготовките за на 11-ти јуни. Тие не информираат дека Цеца и Анастасија ќе пеат на можеби најмодерната музичка опрема досега во нашата земја.
„Цеца е перфекционист кога станува збор за звукот, стејџот. Ќе ја донесеме најмодерната техника и веруваме дека ќе имаме концерт налик оние на светските ѕвезди. Интересот е навистина огромен, очекуваме неколку илјадна публика во Пробиштип, а веќе почнаа да резервираат карти и гости до Србија и Бугарија - велат организаторите.
Инаку влезниците од среда (13-ти април) ќе бидат пуштени во продажба, односно ќе можат да се набават онлајн преку мрежата на „www.kupikarta.com“, како и Розе Вер 2, White Horse Скопје и билетарата на Aqua Park Пробиштип.