Цел Цирих гледаше во убавата црнка која е во 6-от месец од бременоста: Георгина блескаше покрај Роналдо во најотменото, а наједноставно издание

Кристијано Роналдо ја доби специјалната награда на ФИФА за најдобар голгетер во историјата, а на свечената церемонија на доделување на ова ласкаво признание во Цирих, друштво му правеше избраничката Георгина Родригез.

Ова е првпат убавата 27-годишна девојка да се појави на некој настан во текот на целата нејзина бременост.

Таа блескаше во едноставниот црн фустан до колена и елегантен капут во иста боја.

Црната боја малку го камуфлираше поголемиот стомак на оваа убавица која чека близнаци и е во шестиот месец од бременоста. Изданието го комплетираше со вртоглаво високи потпетици од црна, лакирана кожа и скапа чанта од Хермес.

View this post on Instagram

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)



Георгина постигна гламурозен ефект и со дијамантските обетки, а избра едноставна фризура - ниско врзана опашка сплетена во плетенка, и шминка во која доминира светло виолетовиот кармин.

Сосема очекувано, таа му ја украде славата на својот вереник, но и тој изгледаше совршено стилизирано во сив костум со дискретен кариран дезен, црна ролка и кафени, кожени чевли.

Инаку, атрактивната Аргентинка се пофали со фотографиите од оваа церемонија, упатувајќи емотивна честитка до Роналдо: „Господ да продолжи да те благословува, рака под рака со нас. Ти си единствен, ти благодариме што ни даде толку многу радост и нѐ научи што е истрајност и посветеност. Те сакаме тато“.


Пред два дена, Родригез ги сподели своите први професионални фотографии од бременоста, на кои позира и во едноставен црн фустан со длабоко деколте и прекрасно, дијамантска огрлица.

View this post on Instagram

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)



Таа едноставно напиша „Три срца“, алудирајќи на себе и на двете бебиња кои растат во нејзината утроба, а очекувано собра огромен број лајкови – над два милиони!

Фото: Инстаграм