Цел Париз занеме кога се појави Џенифер Лопез: Најлудиот изглед, а вакви очила за сонце никогаш нѐ сте виделе

Добивај вести на Viber

Модната недела во Париз ја отвори модната куќа „Скиапарели“, со познати гости, предводени од латино дивата Џенифер Лопез.

На Париската недела на висока мода за пролет 2024 година, модната куќа „Скиапарели“ претстави модни парчиња во духот на надреализмот кој е нивен заштитен знак. На нивната ревија се појави и Џенифер Лопез. Популарната пејачка носеше ефектна комбинација составена од обемна бела јакна со детали од ливчиња и сребрени апликации на грбот. Одоздола можеше да се види комбинација од бела ролка и дебели чорапи, во комплет со авангардни детали и додатоци, како скапата чанта на „Anatomy Jewelry“.

54-годишната Џенифер го искористи шоуто на францускиот бренд за да претстави нов имиџ во вид на влажна боб фризура, која за стилизирање ја подобри со масивни златни обетки и необичен, ефективен модел на злато - обоени очила за сонце.

Латино дивата им пркоси на модните правила и повторно докажува зошто неколку пати официјално ја зема титулата модна икона.

Станува збор за креација на Салвадор Дали. Колку внимание привлече, покажуваат фотографиите кои го обиколуваат светот, на кои може да се види како едвај поминува покрај огромните фотографи и обожаватели. „Една Џеј Ло“, „Ова се вика моден спектакл“, „Какво откачено издание“, „Најлудиот стајлинг досега“, пишуваат многумина на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм
Извор: Мondo.rs, Najzena.alo.rs