Цело семејство се заразило за време на празниците: Гордана откри кој симптом прво се појавил

49- годишната Гордана Б.од Шибеник раскажа како нејзиното семејство добило Омикрон, новиот вид на корона вирус кој се шири со молскавична брзина

Бидејќи Омикрон се разликува од другите видови, има многу кои се заинтересирани да слушнат искуства од прва рака.

Гордана Б. за „Слободна Далмација“ раскажа како поминало нејзиното семејство откако сите членови се заразиле со корона вирусот за Нова година. Како што изјавила, првиот симптом бил болно грло.

Прво ќерка ми дојде од Сплит со болно грло, мислевме дека е настината додека не ѝ скокна температурата. Потоа почна да ми гребе грлото, па на сопругот и на крајот свекрвата. Тоа траеше два, три дена. Другите симптоми не ни беа исти, мене најмногу ме погодуваше слабост и болки во долниот дел на грбот, а сопругот и ќерката имаа синуси и главоболки - изјави Гордана, чие цело семејство беше позитивно на ПЦР. Таа нагласи и дека сите биле вакцинирани два пати.

- Воопшто не би рекла дека ова се послаби симптоми, сите прележавме по неколку дена, а јас сѐ уште се чувствувам слаба - вели таа.

Заразените со омикрон најчесто наведуваат болка и гребење во грлото, главоболка, затнати синуси, ноќно потење и ноќна треска, течење на носот и кивање. Американскиот центар за контрола и превенција на болести исто така предупредува дека ако забележите бледа, сива или синкава нијанса на кожата, усните или ноктите, побарајте лекарска помош бидејќи тоа може да укажува на ниско ниво на кислород во крвта.

Со омикрон, помали се шансите да го изгубите чувството за мирис и вкус, затоа не чекајте да се појави овој симптом за да се тестирате.

Обрнете внимание на ноќното потење, болките во долниот дел на грбот и специфичните главоболки. 


Извор: www.najzena.rs