Чај што е еликсир за цело тело: Ослободува од стрес и несоница, одличен е против вирусни инфекции
Чајот од маточина се користи за киселина во желудникот, надуеност, варење, гадење, богат е со антиоксиданси…
Маточината е растение со исклучително лековито дејство, а може да се одгледува во градина или на тераса во саксија. Покрај ефектот што го има врз телото, ги привлекува пчелите, поради што е одлична за одржување на рамнотежа во градината.
Постојат различни придобивки од чајот од ова растение, а една од нив е ослободување од стрес, несоница, нервоза и анксиозност. Има вкус и мирис на лимон, а во традиционалната медицина се користи и за разни заболувања, од здравје на дигестивниот тракт до зараснување на рани, како и за одржување на здравјето на срцето.
Чајот од маточина се користи за киселина во желудникот, надуеност, варење, мачнини, богат е со антиоксиданси, па позитивно влијае на процесот на детоксикација. Истражувањата покажуваат дека маточината е водечко растение за смирувачки и мирен и квалитетен сон, а многумина го нарекуваат и растение за „емоционално исцелување“.
Позитивно влијае и на здравјето на жените бидејќи ги намалува тегобите предизвикани од ПМС, а има и антивоспалителни својства, одличен е против воспаленија и вирусни инфекции.
Еве како да направите чај од маточина - здрав еликсир за душата, умот и телото:
Една супена лажица со сушен лист маточина прелијте ги со 200 мл врела вода. Покријте ја чашата и оставете го чајот да отстои 15 минути. Потоа процедете го чајот и уживајте во напитокот. Маточината има убав вкус, па веруваме дека ќе им се допадне на сите. Ако сакате послатка варијанта на чај, додадете една лажичка мед. Важно е никогаш да не варите маточина, туку растението исклучиво се прелива со врела вода и на тој начин се добива здрав напиток.
Покрај чајот, маточината се користи и во здравството во вид на капсули, таблети и есенцијално масло.
Освен што е прва помош кога станува збор за несоница, маточината ги отстранува и следниве проблеми: мигрена, забоболка, болести на увото, помага да се регулираат нередовните менструални циклуси, стомачна болка.