Чек да брцнам во ташнава: Лут сум, но прошка ти давам, зошто имам умна глава

Добивај вести на Viber

Во секоја епоха од човештвото, има еден момент кога доаѓаат дивите и ги истеруваат питомите. Индијанци, Каубојци, Инки, Маи, Мексиканци, Шпанци, Пртугалци, Холанѓани, Американци, Турци, црнци, белци, жути, зелени… и разно-разни “видови и подвидови“ низ историјава…

Едниве им зимаат на другиве се што имаат, другиве си ќутат.

Едните им викаат така треба, сеа ние ќе ви го земеме златово, нафтава, мумииве, фараониве и дијамантиве и за тоа “пет банки“ ќе ви платиме, другиве веруваат во тоа. Си мислат така треба. Уште ѝ им помагаат да си го натоварат сето ова богатство по бродови, авиони, камиони.

Овој му вика, ти сеа ќе работиш за мене и јас за тоа ќе ти давам два гроша, овој другиов вика добро.

Овој го врзува за дрво и го мава со камшик, овој офка и трпи и утре пак на поле бере памук и не смее да писне… Умира тука, пред очи на жени, деца, мајки, татковци, ела некој да гукне и да пружи отпор.

Иако се понекогаш едниве дури и побројни од другиве и можат тука да ги смачкаат ко мравки, си ќутат и си трпат. Мајко мила. Зашто и како ич не ми е јасно.

Како им успева на другиве, никогаш не сакав да разберам. Многу ми е тешко да ја прифатам злоупотребата на наивноста, чесноста и добрината. Многу!

Единствено вака, како приглупа на оваа тема, си барам оправдување во ланецот на животинскиот свет. Нели таму поголемите риби ги јадеа помалите.

Епа веројатно е така и во “човечкиот-животински свет“.

Само што разликата помеѓу едните и другите е во тоа што таму, тоа е природа, нагон, инстинкт, зададен од природата и нејзините неприкосновени закони, а кај нас луѓето тоа е нагон од сосем други побуди и правила. Злоупотреба, агресија, моќ, комплекси…, зададени како неприкосновени правила на овие кој ја имаат силата. Каква сила!?, не знам!! Ваљда во оружје и пари. Јебеш му матер.

Бидејки наукава многу тешко “допира“ до човечките виуги и мозочната сива маса и никако до крај да се открие и “дешифрира“ овој човечки феномен, затоа многу од приказните ги базираме на претпоставки, извлечени заклучоци, од понекогаш скапо платени лекции и искуства.

Исто така никогаш не разбрав дали тоа човек се раѓа таков, ваков, или онаков, или низ животот, зависно од околностите стануваме некои од нас “ѕверови и идиоти“, а некои од нас сервилни, снисходливи добрици.

Слично како со геј популацијата.

Едни викаат “види, ако се така родени, со такви виуги и ако е тоа посилно од нив, односно тоа е нивната природа, нагон, инстинкт и потреба и ако само така се чувствуваат “живи“, тогаш “тоа е тоа“ и нема љутиш. Ама ако го прават тоа од помодарство, изопаченост и со намера, која патем исто така имам дилема, дали тоа некој може на сила да прави нешто против себе!?, за некому другому да докажува, или покажува некакви си хирови и каприци, за да уништува зададени природни закони тогаш мамичето мамино.

Ама кој знае како е и зашто е!?

Навистина човек не знае што да мисли. Се некако кога сѝ си дома сам со себе и кога си мислиш и размислуваш на вакви теми, си викаш не бе, сигурно немал лоша намера, нема човек што би го правел тоа со умисла да му наштети на другиот. Не постои таков човек. Сигурно секој еден човек на планетава така размислува. Можда некогаш нешто од глупост ќе направиш и несакајки ќе му ебеш матер на некој друг, ама не е тоа со намера. Непромисленост е. Се греши, нема везе, идемо даље. Се гушкаш, се извинуваш и тераш. И убаво ти доаѓа кога си мислиш вака. Телото со еликсир како да ти се полни. Си пушташ музика, си сипаш едно виски и уживаш.

Излагаш утредента надвор, почнуваш со некаква радост да го зборуваш ова твое сознание со другари и пријатели, а они ти викаат, аууу не е така. Излегува дека се наопаку си мислел.  Хм!

Се враќаш дома. Пак си мислиш и пак на истото си доаѓаш Не бе, нема човек, што некому намерно и со умисла би му правел нешто, за да го заебе. И пак си пушташ музиче, си чепкаш нешто по дома и убаво ти е.

Види, има нешто и во тоа што се вика воспитување.

Ако мајка ти на пример те учела дека кога влегуваш негде треба да речеш добар ден, како сте и пријатно да се насмевнеш, а ако овој другиов е научен дека чим некој така ти се обраќа, мора да е “овца за стрижење“, ти тука дур се свестиш кај си погрешил отиде јабана.

Ама тоа е живот. Господ забава, ама не забрава. Сигурно некогаш се ќе си дојде на свое место. Никогаш не престанувајте да мислите дека нема човек, кој што намерно би сакал некому нешто да наштети. Не престанувајте да мислите вака. Бидејки тој еликсир кој протекува низ телото кога си мислиш вака е најубавото нешто што можеш да си го правиш за себе и за тие околу себе. Поготово во вакви времиња. Па куд пукло нека пукне. Ја и даље држим час. Глуп сум. Ако. Ама убаво ми е.

Пуштете си музика, сипете си пијачка, чепкајте си нешто по дома и уживајте.

Тој еликсир нема цена.

П.С Лут сум, но прошка ти давам, зошто имам умна глава.


Колумната може да ја слушате во аудио-верзија во продолжение:

За Женски Магазин, Тања Трајковска

*Ставовите искажани во колумната не се ставови на редакцијата