Четкар во аргентинско радио шоу
Аргентинското радио шоу „Дискорама“ овој петок дел од емисијата ќе посвети на музиката на популарниот македонски инструменталист и автор со интернационална кариера Владимир Василевски-Четкар. „Дискорама“ се емитува секој петок во 22 часот на фрекфенцијата на Радио Култура од Буенос Аирес. Во претходните две изданија гости биле популарниот британски џез-состав „Инкогнито“ како и Ники Сиано, легендарниот њујоршки диџеј и резидент во дискотеката „Студио 54“.
Четкар забрзано работи на новиот материјал во неколку студија во Њујорк и во Њу Џерси. Станува збор за неговиот трет студиски проект, а тој е комплетен автор на темите. Во едно интервју откри дека за делата инспирација црпи од бројните патувања, страста кон животот, од природата и од љубовта кон луѓето. Албумот ќе има елементи на џез, фанк, соул, диско и поп.