Чинат 1500 евра, изгледаат како оптичка илузија, ги носат и Цеца и Анастасија: Чизмите по кои полуде модниот свет

Добивај вести на Viber

Фото: принтскрин Instagram @danahourani / @dashabelize

Благодарение на Цеца и Анастасија Ражнатовиќ веќе знаеме кои чизми ќе бидат моден хит на сезоната што претстои. И тие се понеобични од што може да замислите.

Најпрво Цеца Ражнатовиќ ги носеше на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, а потоа нејзината ќерка Анастасија се појави во идентични чизми во емисијата „Амиџи шоу“ и нема кој не ги коментираше. 


Станува збор за нови хит-чизми кои се производ на соработката на брендот “Џими Чу“ и „Миглер“ и веќе станаа планетарен хит.


Познатиот дизајнер на обувки Џими Чу и модната куќа Миглер за прв пат ги здружија силите создавајќи колекција на обувки која стана голем хит во модните кругови веднаш по нејзиното лансирање.


Двајцата уметнички директори на овие два бренда ја комбинираа својата препознатлива естетика за да создадат колекција на ултра посакувани чевли, што на крајот резултираше со лансирање на тринаесет модели со високи потпетици - од салонки и сандали до чизми над колена.


Некои модели од споменатата колекција, како чизмите со графички линии кои неодоливо потсетуваат на парчињата од минатогодишната колекција на Миглер, сега редовно ги гледаме на нозете на познатите вљубеници во модата откако беа лансирани на 9-ти февруари.


Достапни во црна или неонска жолта боја, чизмите, благодарение на нивниот ефективен дизајн, создаваат оптичка илузија како личноста што ги носи всушност да не носи обувки.


И додека кратките чизми во продажба чинат нешто повеќе од 1.000 евра, за чизмите над колена потребно е да се издвојат околу 1.500 евра.


Модните инфлуенсерки најчето ги комбинираат во црни модни комбинации.


Извор: zena.blic.rs