Човечкото тело долго го „памти“ коронавирусот: Конечно, точно знаеме колку месеци трае имунитетот!

Добивај вести на Viber

Научниците се согласуваат дека имунитетот трае најмалку осум месеци по прележана инфекција со коронавирус

Човечкото тело обично одржува силен имунолошки одговор на коронавирусот најмалку осум месеци по инфекцијата и потенцијално подолго, велат научниците во студијата објавена во списанието „Science“.

Нивната анализа покажа дека околу 90 проценти од испитаните пациенти развиле долготраен и стабилен имунитет по закрепнувањето од ковид-19.

Едно од најчестите прашања во врска со коронавирусот, кое се појави пред повеќе од една година, беше дали луѓето можат повторно да се заразат и, ако е така, колку бргу по прележувањето, може пак да се заразат. Постојат изолирани извештаи за луѓе кои неколку пати се заразиле со вирусот ковид-19, но новото истражување потврдува дека човечкото тело генерално задржува силен имунитет.

Испитувајќи ги примероците на скоро 200 пациенти, истражувачите откриле дека човечкото тело ја задржува, така да се каже, меморијата на ковид-19 и е подготвено брзо да создаде контранапад ако е повторно изложен на вирусот.

Новото истражување доаѓа во време на зголемена загриженост за нови соеви или мутации во коронавирусите, вклучувајќи ги и оние кои се првенствено идентификувани во Велика Британија и Јужна Африка. Од вчера е забележан нов вид на корона во седум држави во САД.

Научниците генерално се оптимисти дека човечкиот имунитет може да одговори на новите варијанти на коронавирусот. Сепак, тие додаваат дека нема простор за ризик. Затоа, научниците ширум светот проучуваат нови мутации со цел да и обезбедат на јавноста детални податоци за нивните ефекти врз човечкото тело, но и за ефектите врз произведените вакцини.


Moжеби ќе ве интересира:

Пулмологот Несторовиќ: Можеби мажите кои ќе се вакцинираат ќе сакаат да ја замрзнат својата сперма