Чудесен пијалок за губење килограми по рецепт на Маја Волк: Чини помалку од 100 денари, а се прави лесно и брзо

Foto: Instagram printscreen/majazmaja59

За овој сок велат дека „прави чуда“ кога станува збор за слабеење

Маја Волк (63), поборник за користење на нетермички обработено овошје и зеленчук како храна, често споделува совети за здрава исхрана. Сепак, многумина ја критикуваат на социјалните мрежи и тврдат дека нејзината исхрана е прескапа за џебот на просечниот човек.

Маја ги демантираше сите со тоа што отиде на пазар каде купила куп свежо овошје и зеленчук за нешто повеќе од 1500 денари, кои ќе ѝ траат 7 дена. Како што тврди таа, месечно троши околу 8000 денари за храна, а со тоа во организмот внесува само здрави намирници.

Сок кој прави чуда

Како одговор на бројните прашања на следбениците на социјалните мрежи како да се ослободите од вишокот килограми, Маја понуди едноставен рецепт за сок кој брзо и лесно се подготвува. Најдобро од сè е што воопшто не е скап.

СОК од Грејпфрут и ѓумбир

Состојки:

-2 грејпфрути (обичен бел и црвен грејпфрут)

-корен од ѓумбир

Подготовка:

Исчистете го грејпфрутот и ставете го ѓумбирот во блендер па додадете малку вода. Сè добро измешајте и наместо појадок ќе добиете половина литар сок за пиење.

Маја гарантира дека со овој сок нема да чувствувате глад, а во наредните ден-два ќе изгубите половина килограм маснотии и вишок вода од телото. Таа инсистира дека без разлика на здравата исхрана, резултати не може да се постигнат без вежбање.

- Сите диети и гладувањето нема да ви помогнат ако не спортувате или некоја физичка активност - рекла таа.

Причината за се повеќе дебели луѓе Маја ја гледа во тоа што јадеме многу, особено на разни прослави.

- Некогаш славењето значело кафе и колачи, ова што се прави денес е сосема лудо. Јадење премногу и секако луѓето ќе се здебелат. На прославите луѓето треба да се дружат, а не да прејадуваат - нагласи Маја Волк.


Маја Волк секое утро го започнува со овој пијалок: Моќна комбинација која ги чисти цревата од токсини и го зајакнува целиот организам! (РЕЦЕПТ)