Маја Волк секое утро го започнува со овој пијалок: Моќна комбинација која ги чисти цревата од токсини и го зајакнува целиот организам! (РЕЦЕПТ)
Само една чаша од овој домашен сок ќе ви обезбеди доволно енергија за цел ден
Маја Волк (62) е добро позната како поборник за здрава исхрана. Таа е доктор на науки, сценарист, фадо музичар и многу други работи, но најмногу ја знаеме како жена која се излечила од рак јадејќи здрава храна.
Денес нејзините совети и рецепти ги применуваат илјадници луѓе, а овој пат ви носиме рецепт за зелен сок кој ќе ви даде доволно енергија за цел ден, но и ќе го стартува метаболизмот, ќе ја подобри работата на цревата и ќе ги исфрли насобраните токсини од телото.
За овој сок ќе ви требаат следниве состојки:
еден портокал
грејпфрут
зелено јаболко
парче тиква
1 банана
киви
босилек
оригано
зелена салата
магдонос
копар
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во соковник или блендер. Ако го правите во блендер, треба да додадете малку вода. По желба можете да засладите со мед или сируп од агава.
Сите состојки имаат позитивен ефект врз телото. Тие се полни со витамини, минерали и растителни влакна.
Извор: stil.kurir.rs