,

Цртеж - Експериментален – Цртеж го поттикнува развојот на новите форми

Цртеж - Експериментален – Цртеж е новата изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија што ќе биде отворена вечер, петок, 4 мај, во 20 часот во Галерија КО-РА, Скопје.

На изложбата ќе бидат преставени експонати од триесетина автори коишто експериментираат во новите изразни форми и ги поместуваат маргините за строгите дефиниции во креативните уметности.

Изложбата Цртеж - Експериментален – Цртеж не отстапува и поаѓа од фактот дека цртежот е составен дел не само од ликовната и применетата уметност, туку и од театарската, филмската и видео-арт уметноста. Токму затоа, значењето на овој изложбен концепт ги надминува границите на ликовната уметност и во својата суштина го поставува цртежот како основа на сите креативни изрази.Со него едноставно се поттикнува развојот на новите форми на цртежот и се создава нов концепт кој целосно го напушта класичниот.

Современиот цртеж не ги исклучува традиционалните техники, туку често го проширува полето на истражување и експериментирање вклучувајќи ги притоа и сите негови радикални трансформации.

Изложбата ќе биде отворена десет дена.