Црвенокосите се повторно во мода

Добивај вести на Viber

Црвена или портокалова боја на косата со руси прамени кои изгледаат како отсјај од сонцето се повторно во мода оваа сезона!

За црвенокосите жени се вели дека имаат посебен шарм, а силната боја на косата се одразува на нивниот силен и непоколеблив карактер.

Сепак експертите советуваат дека со црвената боја треба да бидете многу внимателни, иако е „ИН“ оваа сезона. Едноставно црвената коса не стои на секого!

Посветлите нијанси на црвена и благите нијанси на портокалова боја се најпогодни за девојки со светол тен и светли очи. Бојата на виното и темноцрвените нијанси се добар избор за девојките со кафени очи и со потемен тен, а со силна црвена боја, особено треба да бидете внимателни, затоа што изгледа неприродно.

Без оглед на вашиот избор, имајте на ум дека ќе треба почесто да се шминкате, затоа што косата во оваа боја ги нагласува неправилностите на тенот, лицето и мозолчињата.

Исто така, треба да го прилагодите и вашиот гардеробер на оваа специфична боја на коса.

Ако, сепак, се одлучите да имате црвена коса, нема да останете незабележани, бидејќи црвенокосите се тотално во мода!