Д-р Горан открива: Дали кофеинот ни дава енергија или само не прави слепи за уморот?
Популарниот доктор Горан Трајковски стручно објасни дали кофеинот ни дава енергија или само не прави слепи за уморот?
Имено тој објасни дека притисокот за сон се должи на аденозинот.
Од моментот на будење телото почнува да троши енергија, а главен извор за таа енергија на нашите клетки е АТП- аденозин три фосфат. Како спореден ефект на согорување на тој аденозин три фосфат се ослободува аденозин. Аденозинотсе врзува за аденозинските рецептори во мозокот, предизвикуваќи чувство на умор и поспаност. - започнува д-р Горан.
Имено колку повеќе енeргија сме потрошиле толку повеќе аденозин се одлободил, и толку по уморни сме, а во текот на сонот се разградува насобраниот аденозин.
- Кофеинот има многу слична структура на аденозинот, и по внесување во организмот тој се врзува со аденозинските рецептори во мозокот и ги блокира, а со тоа му го зазема местото на аденозинот. Така насобраниот аденозин не може да предизвика чувство на умор и поспаност.
Но што се случува следно? По околу 5 часа кога најголемиот дел од кофеионот е веќе метаболизиран, а за тоа време на будност се надобрал уште повеќе аденозин, кој сега се врзува за слободните аденозински рецептори и предизвикува чувство на силен умор т.н. „caffeine crash“- објасни докторот.
На објавеното видео, д-р Горан напиша и додатни информации, во кои советува првото кафе секогаш да го испиеме еден час по будењето:
Друго дејство на кофеинот е зголемено ослободување на норадреналин и допамин, што не прави привремено поактивни и да се чувствуваме енергично.
Но така и трошиме повеќе енергија што после го плаќаме со зголемен аденозин.
Равенката секогаш се израмнува.
Аденозинот делува инхибирачки и на бубрезите, па затоа кога пиеме кафе кофеинот се врзува за овие рецептори и бубрезите продуцираат повеќе урина. Тоа е диуретското дејство на кафето.
Најдобро е да го одложиме првото кафе барем еден час по будење, наместо тоа да гледаме наутро во сонцето. Тоа ќе го покачи нашиот стрес хормоно кортизол, предизвикувајќи природно чувство на будност.
По околу еден час кортизолот ќе достигне "peek". Тогаш веќе може да направиме еден "boost" со кафе.
Доколку последното кафе го испиеме во 14 часот, во 21 часот веќе може да очекуваме аденозинот да почне да "ни тежи" и да ни се приспива.