Д-р Костов: Имаме помалку пациенти, но се бориме за многу помлади животи - пред неколку дена примивме 17 годишно девојче, завчера 36 годишна пациентка

Добивај вести на Viber

Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, која со почетокот на епидемијата на корона вирусот во Македонија стана еден од главните ковид-центри во земјава, моментално се хоспитализирани 50-тина пациенти, но како и во претходниот период, таму се лекуваат оние со најтешка клиничка слика поради компликации од ковид. „Постојано сме во трка со секундите кога спасуваме нечиј живот“, вели во разговор за Фактор, д-р Христијан Костов, директор на ГОБ „8 Септември“.

Вели дека за разлика од претходните бранови на корона вирусот, кога во болницата практично и немаше други одделенија, односно од првиот до последниот кат беа хоспитализирани пациенти болни од ковид, сега во ГОБ „8 Септември“ се лекуваат околу 50-тина, но д-р. Костов посочува дека сега се борат за животите на многу помлади пациенти.

-Само во текот на оваа 2021 година, која е речиси на изминување, болнички се лекувани 2044 пациенти од кои 70 до 80 проценти се трансфери од други болници. За среќа, можам да кажам дека зад нас е времето кога во текот на само една ноќ имавме и по 5-6 реанимации, кога смртноста од вирусот беше многу поголема, но и ова сега е далеку од крајот. Се израдувавме летото кога ја испративме и последната пациентка, и извесен период немавме ниту еден болен од вирусот. Меѓутоа оваа патологија мислам дека ќе ја третираме болнички и во следните години. Сега некако застрашува фактот што е се поголем бројот на младите пациенти кои се хоспитализираат кај нас и кои навистина имаат многу тешка клиничка слика. Пред неколку дена примивме 17 годишно девојче, завчера 36 годишна пациентка, очекуваме во болницата да биде трансферирана и родилка, исто така во тешка состојба која засега се лекува во некој од другите ковид-центри...Генерално, пациентите кои сега ги примаме се невакцинирани. Ова е трка без точно одреден крај, зошто и сега Одделението за интензивна нега е полно со пациенти со најтешка форма на болеста, вели д-р Костов.

Продолжува ОВДЕ, на Фактор.мк