Д-р. Пановски: Веднаш би го вовел лекот Ивермектин неместо антибиотиците кои немаат ефект

Добивај вести на Viber

Нова надеж во светот е лекот Ивермектин, антипаразитик, кој според клинички испитувања дал одлични резултати во лекувањто на корона вирусот. 

Микробиологот, д-р. Никола Пановски за Фактор појасни дека станува збор за лек кој постои од 1980 година, пред се наменет за дејство против паразитите кај животните, но и кај луѓето.

-Ова е навистина многу евтин лек, а тројца храбри американски научници веќе го вклучија во лекување од Ковид-19. Клиничките студии покажуваат дека има ефект во сите фази. Оние што не се болни го пијат превентивно и не се разболуваат, оние кои имале контакт исто така, болните со лесна клиничка слика, па дури е користен и кај пациенти кои болнички се третираат. Значи во сите фази и има студиите покажуваат дека има одличен ефект. Ивермектинот најмногу се користи на истокот, Индија, Бангладеш, и Австралија. Јас веднаш би го вовел, па кај нас и онака народот сака да пие лекови, барем нека пие лек кој има ефект, наместо антибиотиците кои се покажаа дека немаат ефект во борбата против вирусот, вели д-р. Пановски за Фактор.

Тој посочува дека во Македонија Ивермектинот го користат ветеринарите, но не е регистриран како лек за луѓето, но смета дека би било навистина добро овој лек да се воведе во борбата против Ковид-19.  

-Секогаш е подобро да се има прво лек, а потоа вакцина. Тоа би било и многу поевтино за самата држава, вели микробиологот Пановски,

за Фактор. А.Б.