ДА ИМ ДАДЕМЕ НАДЕЖ НА ДЕЦАТА: Биба Додева на отварањето на Дневниот центар за малигни болести

Добивај вести на Viber

Денес се отвори Дневниот центар “Собата на Жозеф” - за психосоцијална поддршка на децата заболени од малигни болести на Детска Клиника - Скопје, во организација на Здружението за борба против рак, “БОРКА – За секој нов ден”

На прес конференцијата која се одржа во просториите на центарот, во Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, cвои обраќања имаа: претседателката на здружението “Борка“- Биба Додева, Др. Венко Филипче - Министер за здравство, Др. Катерина Ставриќ - Директор на Клиниката за детски болести, Петре Шилегов – градоначалник на Град Скопје и Саша Богдановиќ – градоначалник на општина Центар.

“Среќна сум што оваа година БОРКА иницираше отворање на Дневен центар со цел да им се помогне на децата полесно да минат низ процесот на лекување на ракот, да се надмине стигмата дека ракот дека е неизлечива болест и да се овозможи психо-социјална помош и поддршка на децата заболени од малигни болести и нивните родители. Додека се грижиме за иднината, за тоа што нашите деца ќе станат утре, да не заборавиме дека тие и денес се некој. Денес да им дадеме поддршка, љубов и надеж за подобро утре “- изјави Биба Додева на денешната прес конференција по повод отварањето на дневниот центар на клиниката за детски болести во Скопје.

Во центарот на децата заболени од рак и членовите од потесното семејство ќе им се овозможи, покрај другиот третман да имаат и пристап до семеен терапевт, кој ќе им понуди стручна помош која е клучен сегмент во лекувањето и евентуалното излекување на ова тешко заболување.

Во топол и чист амбиент, децата ќе имаат свое катче каде што волонтерите ќе организираат разни активности и игри со дечињата, со кои ќе им се оттргне вниманието од разните испитувања, боцкања, болки и грижи додека престојуваат во болницата и ќе им помагаат што побргу да им поминуваат болничките денови.

Градот Скопје општина Центар, и неколку помогнаа во реализација на овој проект. Додека се одвиваше преадаптацијата на просторот кој пред неколку години го имаат изградено активистите од клубот Лајонс, со помош на овој проект се овозможи поставување на 44 ТВ приклучоци и телевизија, а воедно се обезбеди интернет на целата Детската Клиника.