Да останеме вечно млади: Голема ретро забава за 50 години од првото диско во Скопје
На 5 април од 21 часот, во ВИП Арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи ретро-забавата „Forever Young“. Забавата е по 50 години диско животот кај нас, односно од отворањето на првото диско во Скопје, „Технометал“ кое се отовори во 1969 година, вели организаторот на настанот, менаџерот Милорад Цајиќ-Цајо.
„ Темата на големата ретро забава ја добив од преубавата песна „Forever Young“ на групата „Алфавил“ од 1983 година. Самиот наслов ме поттикна да мислам на сѐ она кое што човек го посакува. Тоа е ветувањето на секој од нас додека во срцето се чувствуваме млади и никогаш нема да старееме. Да ги заборавиме нашите години и да се препуштиме на човековото мото на животот, а тоа е ветувањето да се остане вечно млад“, додава Цајо.
На забавата ќе се навратиме на најголемите хитови од 70-тите,80-тите и 90-тите години. За музичкиот дел ќе се погрижат диџеите Зоран Петров-„Антена 5“, Вера Јанковиќ, Баџо, Цена, Ерик Фокс, Струја.
Плакетите за трајни вредности ќе ги добијат: Васја Ивановски, Михаил Бошковски- Мице, Драган Б.Костиќ, Сашо Јордановски, Богдан Стојановски-Боби и легендарниот Ванчо Иванов-Главче.