Да правиме хумани дела без да бараме ништо за возврат: Дајнерс Клуб Македонија со поддршка за движењето “Pay it forward”

Добивај вести на Viber

На 14 април (недела) на Школка во Градскиот парк, со почеток во 10:30 часот ќе се случи најголемото и најблагородно дружење кај нас со цел ширење на добрина и хуманост. 

Настанот со име „Правиме добри дела и растеме заедно„ е во организација на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea и невладината Аутизам МК. 

Имено, веќе трета година Македонија е дел од најголемото глобално движење наречено Pay it Forward (Продолжи понатаму) кое се одбележува на 28 април. Истовремено месец април е посветен на подигнување на свеста за аутизмот како една состојба различна но сепак слична. 

Настанот ќе биде со богата програма првенствено за најмладите, ќе учествуваат многу уметници а околу сцената ќе има ликовна работилница, Театроск со живи статуи, пантомимичар и изложба на цртежи. Ќе има многу подароци за посетителите а организаторите на овој настан праќаат единствена и уникатна порака за ширење на добрината, за прифаќање на различностите и емпатија меѓу луѓето. 

Дајнерс Клуб Македонија несебично ќе ја даде својата поддршка за организација на овој настан верувајќи дека инклузијата и добрината се единственото што може да го направи светот поубаво место за живеење. 

- Чест ни е да го поддржиме движењето “Pay it forward” и да ја шириме идејата за овој ден, да правиме хумани дела без да бараме ништо за возврат. Дојдете и понесете со себе насмевки, прегратки и многу љубов, бидејќи на овој ден ги славиме човечноста, почитувањето и прифаќањето на различностите- порачуваат од Дајнер Клуб Македонија.