Да се предадеме: Златна Бубамара го најави новото издание

Добивај вести на Viber

„Време е да се предадеме на музика, смеа и работа, откако се оддадовме на лажење, крадење и неверства“, порачува штабот на радио „Бубамара“ пред шоуото „Златна Бубамара на популарноста“ кое ќе се одржи на 21 февруари во ВИП Арената „Борис Трајковски“.

Слоганот на овогодинешната манифестација е „Да се предадеме“. 

„ Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава - доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на „Златна Бубамара на ппуларноста“, велат организаторите. 

„Ова  е можност за просветлување и воскреснување на надежта. Како народ што си го бара своето, ќе ве чекаме со камшик и Шик - пик - миг, па заедно со игра, песна и насмевки да ги поздравиме нашите најголеми уметници. Ве молиме немојте да бојкотирате, да блокирате, да манипулирате или да бегате, за сите вас има по едно „седиште“ во СЕДИШТЕТО НА ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА. Од нас добивте 22 години - па кој Ви има дадено повеќе?“, велат понатаму од „Бубамара“. Билетите ќе бидат во продажба од 16 јануари. Сценариото и годинава се држи во тајност, а манифестацијата најавува интересни гости од Македонија и од Балканот.