ДА СЕ УКИНЕ МЕРКАТА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ ОД РАБОТА: Што друго препорача Комисијата за зарани болести
Комисијата за зарасни болести на редовната прес-конференција ја соопшти актуелната епидемиолошка состојба во Македонија, а портпаролот, д-р Злате Мехмедовиќ посочи и кои мерки ги препорачале до министерот Беким Сали, мерки кои потоа ќе се најдат и пред владиниот Кризен шатб.
Првата препорачана мерка од страна на членовите на Комисијата за заразни болести се однесува на укинување на задолжителното прикажување негативен ПЦР тест, како и сертификат за прележаност и вакцинација при излез од земјата.
-Сепак ова не значи дека граѓаните не треба да поседуваат вакви документи доколку патуваат во земја каде што се уште важат овие мерки. Оваа мерка би важела само при излез од нашата земја, нема да го бараат нашите службени лица, истакна д-р Мехмедовиќ.