Дадов отказ, го продадов станот и конечно го живеам сонот: Сега сум секој ден на море и ги советувам сите да го следат мојот пример

Добивај вести на Viber

Британката Кет Бајлс (51) работеше како директорка за комуникации во раните 40-ти. Нејзината кариера растеше, но нејзиното животно задоволство постојано паѓаше. Конечно се осмели да го направи тој голем, одлучувачки чекор и да ја напушти работата. Сите беа во шок.

- За време на викендите шетав околу езерото во близина на мојата куќа во Бат и само плачев. Имав блага депресија, бев целосно исцрпена. „Ќе стапнев на педалата за гас“ во мојата глава, но резервоарот ми беше целосно празен. Знаев дека морам да оставам сè - се присетува Кет, која поради кариерата не можела да основа семејство.

- Раководството беше шокирано бидејќи бев толку посветена на работата, но мислам дека на моето семејство му олесна, особено на мајка ми – додаде таа и призна дека следните три месеци ги поминала во кревет.

- Не направив ништо, само се одморив и се опоравив. Предолго живеев на стрес и адреналин. На крајот почнав да се чувствувам малку подобро. Ангажирав тренер и отидов на неколку курсеви за само-развој. Повторно се поврзав со мојата интуиција. Последните пари што ги имав ги потрошив на одмор, десет дена отидов на карипскиот остров Антигва – изјави таа.


- Беше совршено. Пливав секој ден, шетав по плажите и уживав во убавината на природата. Повторно се чувствував жива. Таму ја добив идејата да основам сопствено летувалиште на Карибите. Чувствував дека островот магично ме излечи и сакав да ја споделам таа магија со другите – продолжи таа.

Иако Кет немала искуство во водењето на таков бизнис, знаела дека има одредени вештини.

- Си реков: „Организираше фудбалски турнир од светска класа на кој учествуваа 500 луѓе, бездомници и светски партнери како Најк, УЕФА и Водафон. Доведувањето на интимна група жени до убавината на овој остров, за една недела креативна инспирација за нивната работа, би било едноставно“, додаде таа.

Кат потоа се вратила во ОК, го изнајмила својот стан на три месеци и се вратила да живее привремено на Карибите.

- Прво пријателите и семејството ми кажаа дека се чувствуваат тажни и повредени затоа што отидов толку далеку, но потоа видоа колку сум среќна што сум овде покрај море. Нашите односи се подобрија едноставно затоа што станав посреќна – рече таа.

Таму ја нашла и љубовта на својот живот

Во април 2014-та година, таа го запозна својот сопруг Тревор, туристички водич кој отсекогаш живеел на тој остров.

- Дојдов на пловење и ме праша: „Каде е твојата друга половина? Мислеше дека патувам со некого. Имавме таков вид романса што се случува на одмор, но набрзо се разви во нешто повеќе. Се венчавме - се присети таа.


За време на пандемијата, Кат конечно го направи тој голем чекор и трајно се пресели на Карибите. Таа сега води свои одморалишта и ги охрабрува луѓето „да се усогласат со нивната вистинска природа и цел“.

Кет денес го живее животот од соништата

- Се будам на изгрејсонце и одам на плажа со моето куче, пливам во морето и ја гледам светлината што доаѓа над ридовите. Појадувам и правам тренерски повици или ПР тренинзи или пишувам до ручек. Во моментов е прилично топло попладне, па обично одам во океанот да се оладам - ​​вели таа.

Нејзиното патување ја инспирираше Кет да ја напише книгата „Creative, Happy Work: Follow your Heart to a Thriving Business, Life and World'“.


- Да ми кажеше некој претходно дека ова ќе биде мојот живот, ќе мислев дека е луд! Затоа ја напишав книгата. Секој може да го направи тоа што го направив јас. Следете го своето срце. Најдете живот и работа што ја саката, креативна, среќна работа – заклучи таа, пренесува msn.com.

Извор: zena.blic.rs