Дајана ги мразеше, таа ги обожува: Знаете ли зошто Камила Паркер со години носи едни исти чевли? (ФОТО)

фото:Profimedia

Сопругата на принцот Чарлс, војвотката од Корнвол, Камила Паркер (70) речиси за секоја прилика избира идентични чевли, а причината е сентиментална.

Имено, тие се поврзани со тоа зошто принцезата Дајана никогаш не носела облека и чевли на модната куќа Шанел.
Војвотката од Корнвол најчесто носи елегантни чевли со полукружна и квадратна форма, со ниска и стабилна блок-пета, а најчесто лакирани. Во повеќето случаи станува збор за чевли Шанел во беж боја со црн горен дел, кои сме ги виделе на Камила во речиси сите можни комбинации на облека.

Добро е познато дека Камила и Чарлс биле во тајна врска од седумдесеттите години, како и дека принцот ја изневерил сопругата Дајана со Камила.

фото:SPLASHNEWS.COM / SPLASH / PROFIMEDIA

Покојната принцеза одбиваше да носи Шанел во текот на нивниот брак, а тоа го продолжи и по разводот во 1996 година. Како што истакна дизајнерот Џејсон Брендсон, кој некогаш беше стилист на Лејди Дајана, познатото лого на оваа модна куќа ја потсетувало принцезата на врската помеѓу нејзиниот сопруг и Камила, чија почетна буква од името на англиски јазик е - C, како Chanel (Шанел).

фото:SPLASHNEWS.COM / SPLASH / PROFIMEDIA

За време на посетата на Дaјана во Австралија, стилистот Брендсон ѝ предложи Шанел чевли со фустан од Версаче, а таа му рекла:

- Не, не можам да ги носам врзаните букви CС. Тоа се Камила и Чарлс.

Очигледно Камила го има се уште тоа на ум, па во знак на љубовта кон принцот секогаш ги носи истите чевли.Тоа се чевли кои не се во продажба од 2005 година, а кои војвотката ги носи со фустани, здолништа, комплети, одела...

фото:pinterest

извор:GLOSSY