ДАЛИ НАВИСТИНА БРАНОТ НА ОМИКРОН Е ПОСЛЕДНИОТ ВО КОЈ ИМАМЕ РЕСТРИКЦИИ - шефот на Фајзер со прогноза
Шефот на Фајзер Алберт Бурла даде интересно интервју за француската телевизија БФМ, во кое истакна дека актуелниот бран на варијантата на коронавирусот омикрон ќе биде последниот во кој ќе мораме да живееме под рестрикции.
Во вчерашното интервју Бурла кажа дека се надева дека актуелниот бран на омикрон ќе биде последен, но веднаш додаде дека најверојатното сценарио е она во кое вирусот со години ќе циркулира меѓу светската популација.
„Најверојатното сценарио, иако не можам да гарантирам дека ќе биде баш така, е она во кое вирусот ќе биде меѓу нас уште многу, многу години. Тоа е вирус кој се шири низ светот, така што е многу тешко целосно да се елиминира. Против тој вирус ни природниот имунитет ни имунитетот од вакцините не пружаат особено долготрајна заштита, што значи дека некој кој е заразен може повторно да се зарази следната година, со истата или некоја друга варијанта“, кажа Бурла.