Дали знаете како правилно се користи виолетов шампон: Многу русокоси ја прават оваа грешка

Добивај вести на Viber

Виолетовиот шампон е идеален за русокоси кои сакаат да се ослободат од жолтите прамени, но многу девојки не го користат правилно

Многу русокоси користат средство за отстранување на жолтите тонови од косата - познато како виолетов шампон. Но, дали знаевте дека постои трик кој ќе ви помогне да ги отстраните жолтите и портокаловите нијанси полесно.

Имено виолетовите шампони содржат помали или поголеми количини на индиго пигмент. Тој е, на „мапата на бои“ што ја претставуваме во круг, се наоѓа токму спроти бакарните нијанси на жолтата, т.е. портокаловата. Теоријата е едноставна. Потребен е само еден третман со виолетов шампон и вашата коса ќе изгледа поинаку.

Но, најголемата грешка што повеќето русокоси ја прават кога ја мијат косата е што прво нанесуваат виолетов шампон. Ова е погрешно, бидејќи е многу важно прво да ги отстраните сите остатоци од производите за стилизирање што сте ги користеле претходно, за овој шампон потоа да си ја заврши работата правилно и да ви обезбеди изедначени тонови на платинесто руса боја.

Тоа значи дека е исклучително важно косата прво добро да се измие со обичен шампон, кој потоа треба добро да се измие од косата. Само после тоа е време за виолетовиот  шампон.

Со овој начин на користење на овој производ ќе постигнете најдобри резултати, само така вашата коса ќе може рамномерно да го впие пигментот од виолетовиот шампон кој на косата ѝ дава изедначен тон на боја.


Извор: wanted.mondo.rs