Дали знаете кој хороскопски знак е најопасен? Изгледаат невини, но носат тајни во гроб и ретко се фатени на дело
Иако неколку хороскопски знаци имаат полоша репутација, астрологот Реда Вигл издвои еден знак како најопасен од сите откако ги анализираше хороскопите на озлогласените криминалци во Америка
Пред неколку години на социјалните мрежи се појави вест дека американското ФБИ ги категоризира познатите криминалци по хороскопски знаци и ги рангира според тоа колку се опасни, а се покажа дека е само мит.
Сепак, тоа го поттикна познатиот астролог Реда Вигл да направи своја анализа!
Како што истакна во написот за „NY Post“, открила дека одредени особини можат да се поврзат со девијантно однесување и забележала дека припадниците на воздушните знаци имаат најголема веројатност да ја признаат вината.
Таа откако ги анализирала хороскопите на најозлогласените криминалци на американско тло, составила листа на најопасните хороскопски знаци, од најбезопасни до најопасни, која е малку е изненадувачка.
Список на најопасните хороскопски знаци:
12. Бик
11. Рак
10. Вага
9. Овен
8. Лав
7. Јарец
6. Стрелец
5. Шкорпија
4. Водолија
3. Близнаци
2. Риби
1. Девица
Астрологот Реда Вигл верува дека Девиците имаат најмала веројатност да бидат фатени на дело или после злосторство, а нивната прецизна и педантна природа овозможува прикривање и чистење на местата на злосторството, додека нивната испарлива енергија го олеснува прилагодувањето на стресните фактори.
Повеќе се склони кон извртување на работите отколку отворено изразување, вели таа, па многу тајни ќе однесат во гроб. Девицата е вреден земјен знак кој не сака да губи време и ресурси.
Таа го наведе како пример Ед Геин, кој служел како инспирација за филмовите „Психо“ и „Масакрот со моторна пила во Тексас“, и кој е познат по тоа што правел облека и декор на домот од посмртните останки на неговите жртви.
извор: glossy.rs