Дали знаете што минува низ главата на мажот кога ќе види гола жена?

Многу жени мислат дека нивните партнери мислат само на нивните несовршености кога ги гледаат нивните голи тела, но машките не го ни гледаат, она што ние жените го гледаме како недостаток.

Кога една жена се соблекува пред нив, тие забораваат на сè друго и само сакаат да се препуштат во уживањето. И, што навистина им минува низ главата на мажите кога ќе видат гола жена?

1. Остани ладен/кул

Кога жената се соблекува пред мажот, без разлика колку пати ја виделе таа сцена, сè во неговото тело подивува. Ритамот на срцето се забрзува, крвта се слева кон препоните, тие се збунети во главата, па не можат да мислат трезвено.

Тие не сакаат да остават впечаток дека никогаш порано не виделе гола жена, поради што се обидуваат да останат кул и прибрани. А всушност, тие веднаш би почнале да викаат од среќа и возбуда.

2. Обиди се да издржиш

Мажите достигнуваат оргазам побрзо од жените, што значи не само дека тие треба да работат дополнително, туку и да го одложат задоволството за задоволството на жената. Затоа, иако би сакале да водат љубов диво, понекогаш треба да го прават тоа во побавен ритам со кој, барем се надеваат, дека ќе можат во исто време да го достигнат врвот.

3. Да знаев само што сака да и' правам

Не плашете се да не' водите. Нашата работа е многу полесна кога ни давате повратни информации. Кажете ни ги вашите желби во уво, поместете ги рацете таму каде што сакате тие да бидат, преземете контрола и покажете ни што ве возбудува, им велат мажите на жените.

4. Јас сум толку среќен

Мажите едноставно се преплавени со чувство на благодарност кога ќе ја видат жената гола.

5. Зошто воопшто таа се чувствува несигурно?

Мажите исто така имаат свои несигурности, но сепак им е тешко да ги разберат „кочниците“ на жените кога тие се толку маѓепсани од женското тело. Ако жената ги покрива градите со рацете, се крие под ќебе и не може да се опушти целосно, вистински маж ќе стори сé за таа да се чувствува добро. Овие несигурности навистина не им пречат на мажите, но тие го претпочитаат тоа кога жената гордо им ја покажува целата своја убавина.

извор:zenskikutak.rs