Дали знаете за накитот кој ја крие најголемата тајна на жената? Се вика Ребека
За накитот (како и за повеќето работи во живот) постојат правила, таканаречена култура на накит.
Накитот е последен што се става на телото и прв се симнува; мора да се симне пред да се оди на спиење и капење. Се чува во кутии обложени со фини, меки материјали кои ќе го заштити од оштетување.
Иако ве разубавува, накитот не се носи при одење во козметички салони, бидејќи може дојде во контакт со хемикалии кои ќе го оштетат. Не се носи ни за рекреација ни на плажа, бидејќи потта и кремите можат да го оштетат.
Од време на време, накитот мора да се чисти и полира. Кога станува збор за носење накит, пожелно е никогаш во исто време да не носите многу парчиња, без разлика дали се на врат, на рака или на прст - ќе изгледате како елка.
Добро е, ако можете, секогаш да имате бисерен накит- ѓердан и обетки. Тоа е класика (читај: не може да излезе од мода), бидејќи едноставниот и ненаметлив изглед е благопријатен за комбинациите и секогаш е елегантен.
Кога можете, секогаш е добро да купувате квалитетен накит
Пластичниот и костимскиот накит може да изгледаат слатко, (добро изработениот накит може дури и да изгледа елегантно), но вистинскиот накит е- ВИСТИНСКИ.
За среќа, кога се работи за вистински првокласен накит, ние го имаме брендот „Rebecca“.
Се одликува со неверојатна префинетост, дизајнерски совршено прилагоден, вонвременски и нослив. Не е наметлив, а сепак целото внимание може да го одвлече. Ако имате осет за естетика, ќе знаете и како да го комбинирате. Едноставно, мајсторите од Фиренца- Италија знаат што и треба на една дама, како да шармира се‘- но тајната не ја откриваат.
Во уметничките дела од накит веќе три години можевме да уживаме, а сега брендот отвори и нов екслузивен продажен простор во новиот East Gate Mall.
Таму на секој чекор гледате софистицираност. Една поинаква модна визија која на жената треба да и даде возвишеност и препознатливост.
Токму на отварањето, брендот на едно место ги собра нашите познати личности, а специјално од Италија допатува и Ребека Тести, ќерка на дизајнерот Алесандро Тести, кој ги постави темелите на италијанската компанија во Фиренца.
Секако, Каролина Гочева како заштитно лице на „Rebecca“ блескаше во накитот кој дише со уметност.
Р.Ж.М.
Фото: Фб профил Rebecca