Dalma: Синоним за иновативност и квалитет

Подготовката на совршенството зависи од уникатноста на услугата и годините искуство. Движејќи се во тие води повеќе од една деценија, е и повеќе од сигурен показател за докажан квалитет кој тешко се реплицира, а се гради со професионален тим, желба за квалитет, и постојан напредок и иновативност. Dalma Catering & Events, е уникатен бренд уште од своите почетоци, кога во 2005 година амбициозноста и стремежот ги претвори во престижна кетеринг компанија, која своевремено прерасна во лидер во својата област. Со проширување на своите услуги, Dalma денес е синоним за иновативност и квалитет - компанија која се грижи за секој сегмент во организацијата на било каков вид на забави и настани. За Dalma Catering & Events, секој детаљ е значаен во реализирањето на визијата за секој настан. Настаните кои се организираат од една страна се темелат на совршената припрема на храната која е секогаш подготвена од врвни мајстори и аранжирана според светските кулинарски трендови. Во подготовката и припремите евидентни се и се вбројуваат и високо модерната опрема за професионално осветлување и озвучување, галантерија за декорирање, како и единствените транспарентни шатори во Македонија. Бројни амбасади, компании, организации и институции се уверени во виртуозноста на Dalma, а преку опслужување и реализирање на над 8.000 настани од тотално различен тип, нивната услуга е препознатлива надалеку за својот стил, беспрекорност и квалитет. Богатото мени на Dalma Catering & Events е перфекција која задоволува различен распон на желби и замисли. Dalma е бренд кој со својата палета на услуги креира основа за незаборавни спомени! Менијата вклучуваат традиционална кујна, егзотични закуски, морски плодови, современи коктел ордевери, посебни комбинации за предновогодишни забави, приватни и деловни вечери, детски менија, сендвичи, салати, менија за посебни прилики и многу други опции за адаптирање и на најспецифичните желби и барања. Секоја прослава е можност за зближување и создавање на нови познанства, шанса кога секој може да ужива во пријатниот амбиент и атмосфера – нешто што овој бренд неуморно го создава во различни форми, веќе повеќе од една деценија. Посебноста која извира при секоја прилика им дозволува на Dalma да создадат корпоративни настани чија цел е секогаш надмината. Ветрот секогаш е во едрата на оваа компанија која константно плови во водите на иновативноста. Компанијата својот успех не го должи само на искуството и бројот на реализирани настани. Желбата и упорноста за вклучување на иновативност во секој аспект од својата работа и услуга се два фактори, кои ја имаат претворено Dalma во бренд чија услуга е навистина незаменлива. Со мали трошки на уникатност се краси секој аспект од една забава и со тоа препознатливата атмосфера се претвора во плејада на незаборавни моменти. Посветени на новите трендови, Dalma Catering & Events се истакнуваат со својата иновативност понудувајќи нови и креативни можности за организација и на предновогодишни настани. Сега секој може да биде дел од прослава со стил уживајќи во најдобрата забава. Бидете гостин на сопствената забава! http://www.dalma.com.mk/