Даниловски: Време е веќе да се укинат ковид-пасошите и сертификатите, затоа што се бесмислени

Добивај вести на Viber

Да примениме шведски модел, сите позитивни да не одат во изолација, предлага д-р Драган Даниловски. 

Епидемиологот д-р Драган Даниловски вели дека би требало да се заштити само најранливата категорија граѓани, односно лицата над 75 години, затоа што за 10.000 пати повеќе се изложени на ризик од коронавирусот отколку децата до 15 години.

„Тој што сака да се вакцинира, нека се вакцинира. Време е веќе да се укинат ковид-пасошите и сертификатите, затоа што се бесмислени. Нема смисла да сум вакциниран со три дози, а ако исто така го пренесувам вирусот. Изолациите да се скратат за почеток на 5 дена, а потоа ако се види дека премногу се заразуваат, не може пола држава да биде во изолација“, вели Даниловски во изјава за ТВ Телма.

Според него, сите други треба да го прележат вирусот.