Децата до 10 годни во школо, поголемите пред компјутер: Ова е еден од моделите, но конечно решение од МОН нема

На средбата меѓу претставниците од МОН и Комисијата за заразни болести се водела долга дискусија околу моментално најактуелнта тема која се однесува на точно 23.000 ученици, нивните родители и сите просветни работници.

Од Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека станува збор за комплициран процес и воопшто не е лесно да се пресече наеднаш, без да се договорат сите поединости.

-Крајниот збор ќе го има Министерството за образование и наука, а ние сме тука за здрасвтвените мерки и протоколи. Станува збор за комплексна работа. Во рашање се 23.000 ученици. За многу модели досега разговаравме, а еден од нив, кој мене лично и ми се допаѓа е учениците до 10 години да одат во училиште, а од погорните одделенија да имаат онлајн настава. Ако повозрасните ученици би биле дома, ќе има повеќе просторни можности за помалите, но ќе видиме, се уште е рано за одлуки, вели д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести за Фактор.

Истовремено појаснува дека остануваат многу работи да се додефинираат, напоменувајќи дека доколку се разболе некое дете, во тој случај цел клас би требало да оди во изолација цели две недели заедно со наставникот и ред други поединости.

-Утре повторно ќе седнеме да дискутираме. Можам да кажам дека има многу поделени мислења околу стартот на учебната година. Дел од родителите не се за настава со физичко присуство, додека дел пак крајно се противат ако наставата биде преку компјутер. Остануваат многу отворени прашања. Колку одговори дадовме, толку нови прашања добивме, се надевам искрено дека ќе успееме да го најдеме најдоброто решение, вели д-р. Стојанов.

Целиот текст продолжува на Фактор.мк