ДЕЦАТА МОРА ДА ПРЕСТАНАТ ДА ГИ НОСАТ МАСКИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ: Дали ова барање на родителите ќе се оствари во второто полугодие?
Родители од повеќе основни училишта во Скопје инсистираат учениците во второто полугодие да престанат да ги носта маските за заштита против корона вируспт. Велат дека им создаваат многу повеќе проблеми и дека минимален број на деца досега биле заразени со ковид и тоа не во училиштето, туку дома. Сметаат дека има други начини како да се заштитат учениците од корона вирусот.
-Ваквото лудило во училиштата мора да престане. Ние сме далеку од оние теоритичари на заговори дека вирусот не постои, дека сме антиваксери или не знам што веќе, но носењето маски по цел ден е глупост. Ако ги следиме постапките на европските земји, може да воведеме сосема друг начин на заштита. И во Германија и во Франција и во други држави каде што има експлозија на вирусот, учениците во школите не носат маски. Пред да влезат ги тестираат и меѓу нив речиси и да нема ширење на ковид. Нашите деца навистина се за жалење, на чсовите маските им се до очите, а потоа ручаат заедно, каква заштита е тоа. Дел од оние, а навистина е минимален не се заразија во училницата, се заразија дома. Доста е веќе, во второто полугодие на ваквата мерка треба да и се стави крај и онака нашите здравствени власти велат дека состојбата е мирна. Зошто тогаш децата мора да се гушат со маските, велат група родители од повеќе скопски училишта-„Кирил Пејчиновиќ“, „Петар Поп Арсов“, „Димитар Миладинов“, „Војдан Черносрински“....
Посочуваат дека ниту во приватните компании, ниту во државните институции никој од вработените не носи толку долго маска колку што мораат учениците во текот на денот. Повеќе детали прочитајте на Фактор.мк
Фото: фреепик