Дефинитивно најдоброто издание на Лејди гага досега: Пејачката во двата фустани се надмина себе си
Од кога глумеше во филмот за семејството Гучи, Лејди Гага не престана да го
промовира ова достигнување - и тоа го прави совршено.
Пејачката (35) синоќа на доделувањето на филмските награди БАФТА се појави облечена во црно-смарагден зелен тесен фустан со долга опашка.
И токму кога помисливме дека црното повеќе не може да не изненади, Лејди Гага ни докажа дека не сме во право!
Облечна во фустан на Ралф Лорен со опашка што личеше на опашка од риба, актерката изгледаше сензационално.
Според овој бренд, за изработка на овој фустан биле потребни 150 часа рачно шиење, а биле употребени околу 50 метри кадифе и свила.
Со ваков фустан накитот дојде како шлаг на тортата. Гага носеше уникатен накит Tifani & CO.
Ситни црни мониста светкаа додека Лејди Гага театрално позираше.
Интересно е што претходно истата вечер Лејди Гага беше и на настанот познат како „Critics Choice Awards“. По тој повод облече неверојатен фустан кој го откри нејзиното деколте. Златниот фустан беше отворен сè до папокот, додека Лејди Гага ги покри градите со црн оклоп, а наместо ракави носеше тантела.
Косата ја подигна во комплицирана пунџа, додека на очите имаше златно жолта нијанса која одлично се совпаѓаше со бојата на фустанот.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Инстаграм - screenshot - ladygaganownet/nicagboi21