Денес се Младенци: За среќа во бракот замесете вкусни колачиња - младенчиња
Денеска Црквата ги празнува Светите четириесет маченици. Овој празник меѓу граѓаните е познат и како Младенци, бидејќи настраданите биле млади.
Обичај е на Младенци да се посетуваат паровите кои во брак стапиле во годината претходно и да се даруваат, а во некои краеви се прават и 40 колачиња од мед - младенчиња. Младите невести треба рано да ги месат овие колачиња според традиционален рецепт - a тие се симбол на среќен брак.
Ние ви откриваме како да ги подготвите највкусните младенчиња:
Состојки:
1 кг брашно; 1 коцка свеж квасец; 50 ml вода; 4 лажици масло; 2 лажици шеќер; 3 лажици мед + за премачкување; лажичка сол.
Подготовка:
1. Измешајте го квасецот во малку вода и додадете шеќер. Почекајте да нарасне.
2. Ставете го брашното во сад и додадете мед, а потоа сол и масло. Додадете квасец и измешајте сè добро. Додадете го остатокот од водата и месете го тестото, па оставете го да стаса околу 20 минути.
3. Расукајте го тестото и извадете 40 колачиња младенчиња со калап или чаша.
4. Наредете ги на хартија за печење и печете ги во рерна загреана на 200 степени околу 15 минути, додека не поруменеат.
5. Печените младенчиња премачкајте ги со мед.
Прочитајте и што велат обичаите за Младенци и зошто ги празнуваме.
фото: Stil.kurir.rs