Денес се празнува Свети Јован Златорус: Жените не смеат да држат игла и конец во рака, но постои една убава работа која треба да ја направат

Добивај вести на Viber

Денес, Македонската православна црква го празнува Свети Јован Златорус, големиот светител и реформатор кој е познат и како најпознатиот проповедник во историјата на црквата.

Свети Јован Златоуст бил цариградски патријарх и еден од тројцата свети архиереи. Денес е ценет во целиот христијански свет, а велат дека за време на животот бил омилен меѓу обичниот народ, на кого со задоволство им се обраќал и го толкувал Светото Писмо.

Во многу семејства овој светец се слави како домашна слава, а бидејќи е еден од најучените светци, денес дефинитивно треба да земете книга и да прочитате барем неколку реченици.

Се уште се верува дека на денот жените не смеат да земаат волна, конец или игли во рака, бидејќи Јован Златоуст не сака тие да работат на неговиот празник, туку да се посветат на духовна работа наместо на материјалната.

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители.

По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање. Кога требаше да биде посветен за свештеник се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава.

Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на Светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ѝ остави многу драгоцени книги со неговите беседи.

Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и Светиот маченик Василиск (под 22 мај), во чијашто црква ја прими Светата Причест. „Слава Му на Бога за с ѐ !“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан во Рим.

Фото: denovi.mk
Извор: denovi.mk