ДЕТСКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „ЖАПЧИЊА“ ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ
Вечерва, од 19 часот, во скопската населба Капиштец започнува летниот театарски Фестивал за деца и младинци “Жапчиња 2018”.
Настанот го органира Општина Центар во соработка со театарот „Арт Вени Види“ и здружението „Култи-ватор“. Фестивалот е во состав на проектот „На одмор сум, во Скопје сум, Општина Центар мисли на мене.“
Во претставата учествува и актерката Елизабета Клинчаревска Младеновска
„Жапчиња“ ќе се одржува на отворено, кај лулашките до ТЦ Зебра , а гледачите ќе имаат можност да ја проследат претставата за деца и младинци “Здравко Заборавко” во изведба на театарот „Арт Вени Види“. Претставата е интерактивна и во неа ќе имаат можност да се вклучат и децата.
Учествуваат актерите Елизабета Клинчаревска Младеновска, Симон Манасков како и режисерката и актерка Викторија Анѓушева. Во текот на јули и на август ќе следат уште неколку претстави за деца во изведба на истиот театар.