ДЕВИЈАНТНОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА МАЛОЛЕТНИЦИТЕ ГИ ВОЗНЕМИРУВА ГРАЃАНИТЕ: „Без соодветни санкции не можеме против тоа“ – проф. Стојаноска Иванова

Добивај вести на Viber

По настанот кој ги вознемири скопјани, поточно оние кои живеат во Центар во населбата Капиштец, когаво неделата вечерта беше нападнато малолетно дете од страна на четворица, исто така малолетни деца, штитеници на ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми, „25 Мај“, не стивнуваат реакциите на граѓаните. Првенствено, како што велат, не се чувствуваат безбедни, а истовремено стравуваат во вечерните часови да ги оставаат децата сами во околните паркови. 

Настанот го обелодени таткото на малолетното момче, Петар Младеновски, кој јавноста го знае како Пеце Суперхикс со објава на Фејсбук, при што детално опиша како и кога е истепано детето со шамари и со клоци и дека успеал да ги фати агресивните и насилни момчиња и да повика полиција. Сепак, вели тој, реакцијата е млака или ја нема воопшто и апелира до соседите да бидат внимателни и да си ги чуваат децата.

Бидејќи станува збор за деца кои сега живеат во малите групни домови, Фактор побара став од Министерството за труд и социјална политика и конкретно праша какви мерки ќе преземе надлежната институција, бидејќи, според наводите на Младеновски, ова не е прв инцидент, како и тоа, дека иако се малолетни, се оставени сами на себе, и никој нема контрола над нив. Секако, одговорот од МТСП е многу кус, а што одоговорија и што вели за оваа тема проф. Стојаноска Иванова прочитајте на Фактор.мк