Девојка (14) го „средила“ носот, па ѝ паднал: Тинејџерите ги пумпаат усните, мајките за роденден им ставаат силикони во градите
Експертите открија се‘ за опасните последици од инјекции на ботокс, хијалуронска
киселина и естетска хирургија кај малолетници!
Естетските операции и инјекциите со хијалуронска киселина или ботокс стануваат се‘ попопуларни, а сведоци сме дека имало многу случаи кога ги правеле непрофесионални лица, поради што пациентите ги трпеле последиците.
Експертите велат дека се‘ повеќе има многу млади луѓе, дури и малолетници, кои се подложени на операции или инјекции на овие супстанции, што е особено проблематично, бидејќи сето тоа може да влијае на нивниот развој.
„Имаме девојки на возраст од 14-15 години кои ги имаат напрвено усните, а многу добро знаеме дека според законот, пред да наполнaт 18 години, не смееме да правиме ништо без согласност на нивните родители. Има уште една работа, родителите се согласуваат девојчињата на возраст од 15-16 години да го направат тоа, да ставаат ботокс во усните. А, има случаи кога мајките вршат притисок врз девојките за нивниот 18-ти роденден да ги направат своите гради поголеми“, вели д-р Миломир Гачевиќ, естетски, пластичен и реконструктивен хирург, за К1.
Не само што нема потреба да се преземаат вакви чекори со такви млади луѓе, туку д-р Гачевиќ предупредува дека сето ова може да има сериозни последици.
„И хијалуронската киселина и ботоксот имаат ефект врз растот и развојот. Ботоксот е токсин, долго време се користи во третманот на невролошки заболувања. Ботоксот нема ист ефект кај луѓе на возраст од 15 и 55 години. Дали мислите дека ботоксот кај децата нема влијание врз тој развој и хормоналниот статус?“, прашува тој.
За одредени процедури, како што е операција на уво, може да се изведат кај многу млади луѓе - докторот често советува да се оперира уво пред да оди детето на училиште, но операцијата на носот не може да се изврши анатомски на таа возраст.
„Кај мажите, носот никогаш не треба да се прави пред 18-годишна возраст, кај девојчињата може на 16 години, но стандардот е 18. Не знаете дали развојот е завршен, дали растот е комплетен. Има преграда во носот, во коскениот дел постои центар за раст. Имав можност да видам кај девојка од Бања Лука на која ѝ го направија носот на 14 години, па таа го загуби носот бидејќи нејзиниот центар за раст беше уништен и сега треба да направи нов нос, никогаш не може тоа да биде природно, тоа се‘ се компликации“.
Лекарот, исто така, истакна дека е многу внимателен дури и со возрасни пациенти.
„Барам ендокринолошки статус на 18-годишни девојчиња, имате и доцен пубертет, како да знам дали нејзиниот ендокринолошки статус е завршен или можеби на возраст од 18-19 години ќе ги добие оние гради што сакаше да ги добие со силикони. Треба да бидете внимателни, да разговарате со децата и родителите", тврди лекарот.