Диџејот Тод ван Беркел од Австралија во Скопје

Добивај вести на Viber

Австралискиот диџеј, продуцент и забавувач Тод ван Беркел ќе настапи во Скопје во петок, во скопскиот клуб Intermezzo Privé, на роденденската забава на клубот.

Тод како резидент долги години настапува по островите низ Грција, на Бали, Тајланд, Хрватска, најпознатите дискотеки во Кина, а неодамна за прв пат беше и во Македонија. Секако, тој е постојано присутен на забавите долж австралиските брегови, особено во неговиот роден град Мелбурн.                         

Тод Ван Беркел беше поздравен како „opener of all openers“ на светски познатиот Far Out Beach Club во Иос, Грција, со барање да го отвори секое европско лето во текот на изминатите шест години, затоа што тој совршено го разбира јазикот на музиката, а на публиката и нуди комплетно акустично доживување, сам или какот поддршка на светски познатите Vini Vici, Timmy Trumpet, Nervo, Will Sparks, Joel Fletcher, Tigerlily, Stafford Bros & Ben Nicky.