Диетата на Кристина Агилера: Минус 30 килограми во рекорден рок

Кристина Агилера се бореше со вишокот килограми неколку години и на крајот ја најде формулата што ја доведе нејзината фигура во врвна форма.

Поради стресот таа качи цели 30 килограми, што на крајот успеа да ги симне со оваа диета.

За време на диетата, Агилера не користеше средства за слабеење. Единствената опција за неа беше здравата исхрана која ќе ја врати фигурата во поранешната состојба. Со надзор на нутриционист и голема волја, таа денес има идеална тежина.

Правила за исхрана:

Исхраната траеше 10 месеци, поделени во две фази. Првата фаза траеше 4 месеци и вклучуваше:

3 главни оброци и 2 ужинки. Само одредена храна, како пилешко, мисиркино и сирење, беше дозволено да се консумира. Од јаглехидратите на менито има компири и макарони.

Втората фаза вклучува производи чија примарна улога е да ја намали желбата за слатки.

Потребно е консумирање на мешунки, месо, млечни производи, јајца и сирење. Понекогаш е дозволено парче црно чоколадо. Вашиот дневен внес на калории не треба да надминува 1500 калории. Секој оброк треба да има околу 450 калории, а закуската 150 калории. Комбинирајте ја храната за да одговара на калорискиот број.

Мени од фаза 1:

Појадок: парче пилешко, порција зелен грав, зелена салата, грст компири

Ручек: порција од житни култури, кашкавал со малку маснотии, целер

Вечера: 2 варени јајца, парче леб од цело зрно, карфиол

Ужина: зелен зеленчук, тиква, тиквички, домат

Мени од фаза II:

Појадок: грст свежи бобинки, авокадо, овесна каша, јајце, грст кикиритки

Ручек: грав со мисирка или пилешко, парче тофу, тост со паста од бадеми

Вечера: салата од морсски плодови, зелено јаболко, манго.

Ужина: Зеленчук по ваш избор

Мастите и шеќерите се целосно забранети, а се препорачува и голем внес на вода.

Кристина тренираше 2 пати неделно и тоа беше претежно кардио тренинг.