Димовски: Срамно е држава која се стреми кон европското семејство да има неписмен народ во толкава бројка

Срамно е за една држава која се стреми кон европското семејство да има неписмен народ во толкавна бројка,  коментира Владо Димовски од Центарот за доживотно учење за податокот од пописот дека во Македонија има скоро 19.000 неписмени граѓани.

Тој додава дека ова е висока бројка, но се сомнева дека реално на терен сликата е дури и полоша, затоа што едно е да поседувате диплома, но прашање е дали имате знаење.

Бројката од 19.000 неписмени која се појави на неодамнешниот попис на населението во Македонија е загрижувачка, ако е точна таа бројка. Се плашам дека оваа бројка е уште поголема ако писменоста се проверува, а не само да се пишува завршеното образование во формуларите за попис. Изјавите и внесувањето на завршеното образование во формуларите само по себе не значи писменост“, вели Димовски.

Нагласува дека последниве две децении, квалитетот на образованието опаѓа. Учениците се во трка по високи оценки, но не и по повеќе знаење. Сето ова подоцна негативно се одразува на пазарот на труд, каде фалат квалификувани кадри.


Детали читајте на Фактор тука.